Во натпреварот за третото место, кој го водеа македонските судии Ѓорги Начевски и Славе Николов, репрезентација на Хрватска ја совлада селекцијата на 31-26 Словенија и го освои бронзениот медал на 23-то Светско првенство.


До првото бронзено одличје на мундијалите Хрватска ја предоводеше добрата и агресивна игра во вториот дел.

Словенците во првите триесет минути од натпреварот пружија силен отпор, а на моменти имаа предност од два голови. Уморните и разочарани ракометари на Хрватска собраа сили и до крајот на полувремето успеа да го свртат резултатот и на пауза да заминат со плус еден 14-13.


Во вторите триесет минути хрватите распука и немилосрдно ја полнеа мрежата на расположениот словенски голман, Прост. Во право време помеѓу стативите се разбуди Алиловиќ, кој внесе дополнителен штимунг за хрватските ракометари и ги предводеше до бронзениот медал.


Најпрецизни во составот на Хрватска со осум погодици се Чупиќ и Дувњак додека во селекцијата на Словенија со четири голови беше Кавтичник. 

На последните три големи натпреварувања избраниците на селекторот Славко Голужа го освојуваат бронзениот медал. За златниот пехар в недела ќе се борат селекцијата на Шпанија и Данска.

Мх.П.