Селекциите на Србија и Португалија ги поделија бодовите во дербито од А групата, ремизирајќи 2-2 (0-2), на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград.
Двете селекции одиграа ефикасен и атрактивен натпревар, но се падна во сенка поради пропустот на вториот асистент кој длабоко во судиското продолжение не виде дека топката ја помина гол линијата после ударот на Кристијано Роналдо.
Претходно, во текот на мечот португалците обезбедија два голови предност благодарание на Диего Жота, кој во два наврати го матираше домашниот голман. Водството не се покажа доволно за победа, затоа што србите во второто полувреме преку Александар Митровиќ и Филип Костиќ изедначија на 2-2 и обезбедија бод.
- Резултати:
Група А: Република Ирска – Луксембург 0-1, Србија – Португалија 2-2
Група Е: Белорусија – Естонија 4-2, Чешка – Беглија 1-1
Група Г: Црна Гора – Гибралтар 4-1, Холандија – Латвија 2-0, Норвешка – Турција 0-3
Група Х: Русија – Словенија 2-1, Хрватска – Кипар 1-0, Словачка – Малта 2-2
OhridNews