Финалето го красеше беспрекорна борба, огромна пожртвуваност, голем број пресврт, возбудувања и хичкоски финиш.
Одлучувачкиот гол Германките го постигнаа во последните секунди пред крајот ,а беше дело на Франциска Мецнер, за конечни 23-22.
Бронзата заминува за Јужна Кореа која во малото финале ја совлада Шпанија. Покрај бронзата Корејската селекција ја однесе и наградата за нај фер екипа.
Најдобар стрелец на Мундијалот е данската ракометарка Камила Далби со 63 погодоци, додека за МВП на шампионатот беше избрана Корејката Хан На Гвон.
голман – Сандра Тофт (Данска)
лев бек – Надја Нагорнаја (Германија)
лево крило – Елизабет Гарсија (Германија)
центар – Хан На Гвон (Ј.Кореја)
десен бек – Камила Далби (Данска)
десно крило – Кармен Мартин (Шпанија)
пикер – Сандра Бошњак (Хрватска)