Селекциите на Германија и Ерменија ги запишаа првите победи во групата Ј во квалификациите за Мундијалот во Катар, славејќи во дуелите со Исланд 3-0 односно Лихтенштајн 1-0.

„Панцирите“ без поголем проблеми се справија со Исланд. Горецка и Хаверц после само седум минути игра донесоа водство 2-0. Победата ја запечати Илкај Гундоган во 56-та минута.

Ерменија до минимална победа во пресметката со Лихтенштајн стигна со автоголот на Ноа Ромел во 83-та минута од натпреварот. Ерменците освоија значајни три бодови во борбата за што повисок пласман на табелата.

  • Резултати:

Група Б: Шпанија – Грција 1-1, Шведска – Грузија 1-0

Група Ц: Бугарија – Швајцарија 1-3, Италија – Северна Ирска 2-0

Група Ф: Израел – Данска 0-2, Молдавија – Фарски Острови 1-1, Шкотска – Австрија 2-2

Група И: Андора – Албанија 0-1, Англија – Сан Марино 5-0, Унгарија – Полска 3-3

Група Ј: Германија – Исланд 3-0, Лихтенштајн – Ерменија 0-1, Романија – Македонија 3-2

OhridNews