Покрај одличното прво полувреме натпревар ке го паметиме и по повредата на натурализираната македонска репрезентативка Охоланга Локи која е сериозна и таа веднаш била префрлена во болница.
– Се работи за повреда на коленото и според лекарската екипа и нивните првични проценки, Охоланга ќе ги пропушти следните натпревари“, вели од Франција, селекторот Љупчо Савевски.
Победникот од вечерашниот меч меѓу Македонија и Бразил (20:30 ч МТВ пренос ) ќе биде чекор поблиску до 2. фаза во која се разигрува за пласман меѓу првите 12 места на Светското ракометно првенство за сениорки во Франција.