Македонската фудбалска репрезентација со пораз од Албанија (2-1) ги започна квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 година.


Бодовите од натпреварот кој поради временски неприлики се прекина во понеделникот и се доигра денеска Албанија ги освои со гол во 90-та минута од натпреварот.


Нафрлената топка од слободниот удар малку, но доволно ја закачи Беким Балај за гол кој се покажа одлучувачки.


Претходно, домаќините преку Садику поведоа со 1-0, а бројките на семафорот ги изедначи Алијоски.


Македонија во втората рунда од квалификациите за Мундијалот во Русија ќе се сретне со Израел. Мечот се игра во Скопје на 6 октомври.

OhridNews