27-то Светско првенство во ракомет дојде до самиот крај, односно до финална разврска во која ќе се поделат медалите.

Во големото финале ќе се судрат скандинавските ривали Данска и Шведска. Двете селекции негуваат брз и динамичен ракомет и во финалето се очекува да преовладува желбата за гол повеќе.

Данците предводени од Микел Хансен и Никлас Лендин ќе атакуваат да го одбранат тронот и да ја освојат втората титула, додека „викинзите“ сакаат со титула од Мундијалите да се вратат на големата сцена. Швеѓаните имаат четири титули, но последната е освоена пред две децении, токму во Египет.

Како најава за финалето ќе послужи мечот за бронзениот медал во кој силите ќе ги одмерат Шпанија – Франција. Малото финале стартува во 14 часот и 30 минути додека финалето се игра во 17 часот и 30 минути.

  • Двојки:

Мало финале: Шпанија – Франција (14:30ч)

Финале: Данска – Шведска (17:30ч)

OhridNews