Вечерва, на програмата на 27-то издание на Светското првенство во ракомет, кое се одржува во Египет се натпреварите од полуфиналето.
Во полуфиналните пресметки влогот е преголем, затоа се очекува да ги видиме најдобрите натпревари до сега на Мундијалот. Интересен е фактот, што четирите селекции учеснички во 1/2 финалето до сега немаат пораз и со максимален победнички учинок влегуваат во мечевите.
Полуфиналната програма ја отвораат Франција – Шведска, а потоа играат Шпанија – Данска.
- Двојки:
Франција – Шведска (17:30ч)
Шпанија – Данска (20:30ч)
OhridNews