Репрезентацијата на Данска е вториот финалист на 29 Светско првенство во ракомет. Вечерва во Осло Данска убедливо ја совлада Португалија 40:27, полувреме 20:16.
Португалците беа рамноправен противник само во првото полувреме во кое на два наврати ја стигнуваа предноста од четири гола разлика на противникот и имаа напад за израмнување, но данците успеаја да се одбранат. На почетокот на вториот дел Данска резултатски се одлепи, а до крајот само ја зголемуваше предноста.
Финалето Данска – Хрватска ќе се одигра во недела во Осло во 18 часот. Од 15 часот во меч за 3 место се среќаваат Франција и Португалија.
Г.М.