Четвртфиналните пресметки на Светското првенство во Египет ги исполнија и надминаа сите очекувања. На четирите дуели имаше од се по нешто. На еден натпревар победникот се одлучуваше после изведување на пеналите, на еден после дополнително продолжение, а два беа решени во регуларните 60 минути.

Највозбудлива, најсодржајна и најинтересна беше средбата помеѓу Данска и домаќинот Египет. Победник немаше во регуларниот дел кој заврши 28-28, а немаше ниту во продолженијата и патникот во 1/2 финалето се одлучуваше во пенал рулет. Данците задржаа повеќе трпеливост и со 4-3 славеа во четвртфиналето.

Во продолжение победи Франција, која со 35-32 ја совлада Унгарија. Унгарците го оставија срцето на теренот, но „триколорите“ благодарение на искуството знаат како до победуваат на вакви мечеви.

Селекциите на Шпанија и Шведска забележаа победи над Норвешка 31-26 односно Катар 35-23 во регуларниот дел од мечот и се чекираат во топ 4.

Во полуфиналето силите ќе ги одмерат Шпанија – Данска односно Шведска – Франција.

OhridNews