Ракометната репрезентација на Македонија со две победи во исто толку одиграни мечеви ќе отпатува на Мундијалот во Германија и Данска. „Црвено жолтите“ двете тест победи ги извојуваа против Србија на домашен терен.

Денеска, избраниците на македонскиот селектор Раул Гонзалес славеа со 28-27, додека синоќа победија во ефикасен меч 37-31. Херој на Македонија во вториот меч беше Филип Лазаров кој за победа погоди на десеттина секунди до крајот.

До почетокот на Светското првенство преостануваат уште шест дена, а Македонија првиот меч го игра на 11 јануари против Јапонија со почеток во 15 часот.

OhridNews

Фото: Екипа.мк