Селекцијата на Бразил го чекираше билетот за пласман во четвртфиналето победувајќи ја репрезентацијата на Мексико со 2-0 на „Самара“ арената.
Мексиканците оддолевеа 45 минути на нападите од „кариоките“. Бункерот пред голот на Очоа попушти во вториот дел кога Нејмар по аситенција на Вилијан го отвори резултатот. Конечните 2-0 ги постави Фирмино во 87-та минута.
Бразилците во четвртфиналето ќе се сретнат со победникот од дуелот Белгија – Јапонија кој ќе се одигра вечерва со почеток во 20 часот.
OhridNews