Македонската фудбалска селекција со минимална победа над Литванија ги заврши подготовките за квалификациите за СП во Бразил 2014. Во група со “црвено жолтите“ се наоѓаат Хрватска, Србија, Велс, Белгија и Шкотска.


Најзабележителен резултат на пријателските средби оствари Белгија. “Црвените“ ја шокираа Холандија победувајќи ја 4-2 и им посакаа “топло добре дојде“ на Ван Гал на селекторската клупа.


szólj hozzá: Belgium vs Holland 4:2 MATCH HIGHLIGHTS

Новиот селектор на Хрватска, Игор Штимац имаше неславно деби на клупата. Швајцарија не само што триумфираше со високи 4-2 туку им одржаа лекција на хрватите за модерен фудбал.

Србија ремизираше на домашен терен без голови со Република Ирска додека Велс беше поразен од Бих со 2-0.

Македонија квалификациите за СП во Бразил 2014 година ги започнува со мечот против Хрватска на гостински терен.

Мх.П.