Поразот од Белгија 2-0 во петтата рунда во целост наликуваше на оној Хрватска од 2-1 во третата рунда од мундијалските квалификации. Тогаш “рисовите“ имаа предност од 1-0 и многу лесно и наивно им ги подарија бодовите на хрватите, а ништо поразлично не беше со белгијците. На почетокот од мечот Јаховиќ промаши чиста шанса за гол, покасно му се придружи Тричковски, а тоа фудбалери како што поседува селекцијата на Белгија неможеше да помине неказнето.