Репрезентациите на Данска и Португалија обезбедија пласман во полуфиналето на Светското првенство во ракомет што се игра во Хрватска, Данска и Норвешка.

Данска без проблеми го совлада Бразил со 33:21, додека Португалија во драматичен меч по продолженија славеше над Германија со 31:30.

Јунак на Португалија беше Мартин Кошта кој во последните секунди го совлада феноменалниот голман на Германија Волф кој натпреварот го заврши со 20 одбрани.

Во првото полуфинале кое на програмата е во четврток, во Загреб ќе се сретнат Хрватска и Франција. Ден подоцна во Осло играат Данска и Португалија.

Г.М.