Навивачите на македонската ракометна репрезентација доживеале вистински кошмар на натпреварот од 3 коло од фазата по групи против Гвинеја кој го добивме со 29:20. Строги претреси, парични казни за поседување на реквизит со шеснаесеткрако сонце, одземање на предмети од женски чанти како кармини и сјај за уста…
За одност на организаторот кон „фалангата“ остра реакција на Фејсбук напиша генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија кој укажува дека Македонците на СП дошле во мир.
Честитки до нашите момци за победата, одиме во следна фаза, напред Македонија!
А врска организација на натпреварот:
- само еден влез во арена активен
- жени и деца најгрубо претресувани од нервозни редари
- во опасни предмети вклучени се и кармини, лабело, сјај за уста, полнач за телефон и сл.
- простор за пушење нема, а ако решите да излезете треба пак назад кај редарот на главен влез ;
АМАН дојдовме во мир, најпријателски и најспортски. – напиша Милошевски.
Г.М.