Со натпреварите од последното коло во групите 3 и 4 заврши главната рунда на Светското првенство во ракомет што се игра во Хрватска, Данска и Норвешка.
Последен патник во четвртиналето е Хрватска која вечерва во одлучувачкиот натпревар во Загреб по голема битка ја совлада Словенија со 29:26, што значеше елиминација за Исланд кој иако доживеа само еден пораз на шампионатот мораше да ги спакува куферите.
Резултати Група 3
Португалија – Чиле 46:28
Шпанија – Бразил 25:26
Норвешка – Шведска 29:24
Резултати Група 4
Исланд Аргентина 30:21
Зеленортски острови – Египет 24:31
Хрватска – Словенија 29:26
Утре на Светското првенство е слободен ден, а мундијалот продолжува на 28 јануари со 1/4 финалените пресметки помеѓу Хрватска и Унгарија, односно Франција и Египет кои ќе се одиграат во Загреб. Четвртфиналето ќе се комплетира на 29 јануари со средбите помеѓу Данска и Бразил, односно Германија и Португалија кои се играат во Осло.
Г.М.