Данска и Тунис го одиграа попладнево првиот натпревар без голови на Светското првенство во Катар, ремизирајќи (0-0) на „Едјукејшн сити стадион“ во Ал Рајан во рамки на групата Д.
Првото коло во групата се комплетира вечерва со дуелот меѓу актуелниот светски првак Франција и Австралија, во кој актуелниот светски првак оствари висока победа 4:1.
Австралија поведе во 9 минута со голот на Гудвин. Рабиот израмни во 27 минута, а истиот играч пет минути подоцна му асистираше на Жиру за пресврт и водство на триколорите од 2:1, резултат со кој се отиде на одмор. Во вториот дел продолжи доминацијата на Франција која со головите Жиру и Мбапе оствари убедлив триумф.
Жиру со вечерашните два гола се израмни на вечната листа на најдобри стрелци на Франција со легендарниот напаѓач Тиери Анри. Двајцата сега имаат по 51 гол во репрезентативниот дрес.
Претходно од 17 часот, во рамки на Ц групата играа Мексико и Полска. И овој меч заврши без голови, а трагичар беше најдобриот играч на Полска Левандовски кој промаши пенал во 58 минута. Во рамки на истата група Саудиска Арабија денеска сензационално ја совлада Аргентина со 2-1.
OhridNews