Аргентина синоќа ја победи Холандија на пенали со 4:3 во четвртфиналето на Светското првенство во Катар и се избори за учество во полуфиналето. По основните 90 и дополнителните 30 минути резултатот беше нерешен 2:2.

Головите на дуелот одигран во Лусаил ги постигнаа Нахуел Молина во 35. и Лионел Меси од пенал во 73. минута за Аргентина. Вегхорст со погодоците во 83. и 90+11. минута на Холандија и донесе продолженија.

Во пенал-серијата за Аргентина реализираа Меси, Паредес, Монтиел и Мартинез, промаши Фернандез. Кај Холанѓаните прецизни беа Копмеинерс, Вегхорст и Де Јонг, промашија Ван Дајк и Бергхуис.

Аргентинците во полуфиналето закажано за 13 декември ќе се соочат со Хрватска која на првиот четвртфинален дуел вчера го победи Бразил исто така по изведување пенали.

Другите два натпревара од четвртфиналето на Мундијалот во Катар ќе се одиграат денеска. Двојките се:
Мароко – Португалија (16 часот)
Англија – Франција (20 часот).

OhridNews