Јапонија приреди нова сензација на Светското првенство во Катар. Попладнево во рамки на групата Е, Јапонија со пресврт го совлада четирикратсниот светски првак Германија со 2:1.
Германија поведе од пенал со голот на Гундоган во 33 минута. Длабоко во судиското продолжение од првиот дел Хаверц стрелаше за 2:0, но голот беше поништен по интервенција на ВАР.
Јапонија во вториот дел заигра храбро и отворено, а Германија не беше на висина на својата задача. Чудото го најави Доан во 75 минута, а го комплетираше Асано во 83 минута со прекрасен гол.
До крајот на мечот Германците притиснаа но не успеаја да избегнат пораз на воведниот натпревар на Мундијалот, втор пат по ред. Истото им се случи и пред четири години во Русија каде Германија загуби од Јужна Кореа и не ја мина групата.
Г.М.