По ремито Русија – Бразил 31-31 и победата на македонската ракометна женска репрезентација над селекцијата на Австралија црвено-жолтите се изборија за пласман во главанта фаза од Светското првенство за сениорки во Франција.
Несериозно го започна натпреварот селекторот Савески кој на паркетот ја прати резервната варијанта, којa по 15 мин игра губеше 8-4 . По хокеарските замени на паркетот истрча првата постава која во финишот од првото полувреме стигна до првата предност 10-9.
Вториот дел беше чиста рутина за црвно-жолтите кои не оставија простор за австралијанките дозволувајки им да постигнат само четири гола во триесет минути .