Ја отпишавме нашата селекеција во првиот натпревар против светскиот шампион Русија но девојките покажаа дека не заборавиле да играат ракомет. Се обидоа да ја искористат дадената можност но место победа доживеавме пораз во кој (до крајот на шампионатот) ја загубивме Локи Охоланга која до тој момнет беше наша најефикасна ракометарка на теренот. По нејзината повреда очекуван беше падот. Пораз од светскиот шампион да бидиме реални и тоа од 27-22 и не е така лош резултат .
Следуваше мечот да се биде или не. Бразил. Точно е дека црвено –жолтите знаат и те`како да си поиграат со нашите нерви. Но сето тоа е заборавено во наредниот напад кога повторно постигнуваме гол и се враќаме во водство. Целиот натпревар со бразилките помина во една атмосфера “а сега а после“ за да во финишот спојот младост и искуство кој го има нашата селекција даде со резултат кој не донесе до чекор во главната фаза.
За пласман во наредната фаза потребна ни беше било каква победа над Австралија но и минимален пораз на Русија од Бразил. И Македонија не би била Македонија ако не ги “забибери“ работите. Савески на паркет го прати резервниот состав кој мака мачеше против Австралијанките кои пак го одиграа најдоброто полуврме во својата историја. Но по влегувањето на првиот тим работите си дојдоа на свое место.Конечни 30-13.
Следуваше исчекување на резултатот од последниот натпревар во нашата Б група.На полувремето 16-13 води Бразил, и ние сме надвор од СП. Сликата не се менува ниту на пет минути пред крајот кога бразилките имаат +3 и резултат кој ги води во наредната фаза.Но нивната приказна нема среќен крај. Русинките притискат и натпреварот завршува со реми кое ги води Русија и Македонија во наредната фаза .
Во продолжението на мундијалот ќе одиграме уште четири натпревари преку кои ќе се обидеме да стигнеме до нашата (не)скриена желба-Олимпијадата во Пекинг .
06.12 Македонија – Норвешка
08.12.Макдонија – Франција
10.12 Македонија – Ангола
12.12 Македонија – Хрватска