Преодниот период кога не сте сигурни како да се облечете и која шминка да ја ставите, има и своја волшебна страна. Се е во знакот на прекрасните жолти нијанси кои се прелеваат не само на лисјата во градот, туку тоа се цели шуми исполнети со прекрасни бои кои го одземаат здивот.
Пред да започне новото годишно време секој се припрема на одреден начин. Ја прередуваме облеката во плакарите, ги спремаме чевлите и ташните кои се “ин“ и спремни сме за новите модни победи. Но, што е со вашата кожа, дали е и таа спремна за новото годишно време?
Во предвид треба да се земат сите фактори, па така и негата на кожата. Таа не смее да биде заборавена, бидејќи не се работи само за убавиот изглед, туку и за здравјето на секој човек. Но, ако тоа се занемари, тогаш се останато, па и облеката веќе нема смисла.
Воздухот во есен е поладен и има се повеќе проблеми да се задржи влажноста, поради што доаѓа до лупење на кожата. Воздухот е сув, а на некои им помагаат навлажнувачите за воздух во затворените простории. Овие апарати ќе помогнат во спречување на дехидрација на кожата.
За нега на лицето би било добро да се избере тоник кој по своите состојки е поблаг од оние кои се користат во лето. Сега ви е потребен тоник кој е базиран на глицерин кој помага за хидратација на кожата.
Кожата треба да ја чистите од нечистотијата која се насобира без оглед на годишното време. Но, важно е да се знае дека кога температурите паѓаат време е за масло. Маслата се серуми кои се многу поконцентрирани од кремите.
Настојувајте секогаш по чистењето да го намачкате лицето со масло кое длабински ја негува кожата. Пилинг на кожата најдобро е да правите со производи кои се базирани на млечни производи. Водете сметка за нега на кожата и внимавајте да земете во предвид се она што на некој начин може да и наштети. Приспособете го третманот на кожата со моменталните временски услови и секогаш изгледајте посебно.