Урагснот „Сенди“ кој во понеделник или вторник наутро ќе го погоди источното крајбрежје на САД под влијание на силни воздушни струења се очекува да прерасне во таканаречена совршена бура.

Американските метеоролози предвидуваат дека ова ќе биде едно од најголемите невремиња, а неговата моќ ќе ја почувствуваат околу 60 милиони луѓе. Властите на Њујорк одлучија целосно да го запрат јавниот сообраќај, а привремено нема да работи и подземната железница, како и некои училишта.

Се очекува невремето да предизвика големи поплави и прекини во снабдувањето со електрична енергија. Вонредната состојба би можела да потрае цела недела. Властите на САД ги предупредуваат граѓаните да се подготват за најлошото можно сценарио.

OhridNews