Џорџ Липит го прославил својот совршен десетти роденден. Тој на 10.10.2010 во 10 часот и 10 минути го прославил својот десетти роденден и  така ја заокружил приказната за бројот 10.

-Го чекавме овој ден откако Џорџ се роди. Не можев да верувам кога на неговиот болнички картон видов во колку часот е роден-вели мајката на Џорџ. Додава и дека нејзиниот син отсекогаш бил посебен.


– Уште за време на бременоста докторите ми рекоа дека има можност од 99 проценти детето да се роди болно. Но, на крај се испадна добро. Се роди во посебно време и поради сите лоши прогнози, навистина е посебно дете-додава мајката.

Малиот Џоди е страствен голфер, па така и роденденската торта била во форма на десеттата дупка на голф теренот на кој тренира. Роденденот најпрво го прославил во кругот на семејството, а потоа отишол на забава со пријателите.