Поранешниот играч на Амак СП , Александар Совкоски во наредното првенство ќе игра во “сино – белиот“ дрес на МЗТ Скопје. Совкоски го искористи вчершаниот отворен ден за трансфери и официјално премина кај “штрковите“.

Популарниот Софти минатата сезона во дресот на Амак СП беше клучниот играч во освојувањето на куп трофејот во Охрид. Бекот пружи одлични партии на “фајнл ејт“ турнирот и по трет пат во својата кариера го освои купот.

Новото кошаркарско првенство започнува викендов а Амак СП му гостува на Торус, “езерџиите“ кои претпреа коренити промени во својот состав првото преставување пред охридската публика ќе го имаат на 17 октовмри кога во Охрид доаѓа шампионот Работнички.

М.П.