Охрид е домаќин на петтото Советување на МАКО СИГРЕ – научно-стручна асоцијација на електроинженерите.

Македонскиот национален комитет (МАКО), е член на водечката светска асоцијација во областа на електроенергетските системи, Интернационалната Конференција за Големи Електрични Мрежи (СИГРЕ), со седиште во Париз, формирана во 1921 година.

Полето на научно-стручната работа на оваа организација е во областа  на производството, пренесувањето и дистрибуцијата на електрична енергија, енергетска опрема, информатика и  телекомуникациите.

Целта на формирањето на МАКО СИГРЕ во Македонија е да се создаде амбиент за соработка на професионално ангажираните лица во електроенергетскиот систем, следење на најновите светски достигнувања и јакнење на  врските со развиените земји.

Трудовите кои ќе бидат презентирани на меѓународното советување во Охрид ќе бидат публикувани во Зборник на трудови (во 3 книги, на 1244 страници) и на ЦД.

ohridnews