Претседателот на Советот на Општина Охрид, Душко Јаковчески, на 28 јули и 5-ти август ги закажа четвртата и петтата седница.

На дневниот ред, како што соопшти локалната самоуправа, преовладуваат точки од финансиско – фискалната политика. Се очекува, најголем интерес да предизвикаат точките кои се однесуваат на предлог одлуката за изменување и дополнување на Буџетот на општината и за финансиското работење на јавните претпријатија и установи формирани од општината.

Ohridnews