Советот за развој на Југозападниот плански регион ја одржа 14-та седница на која членовите, градоначалниците на општините од регионот беа информирани за реализацијата на проектите и активностите на Центарот за развој на ЈЗПР во 2024 година.

На денешната седница на Советот, на дневен ред беа точките за Финансискиот план на Центарот за развој на ЈЗПР за 2025 година, Акцискиот план за 2025 година, Годишниот извештај за реализација на Програмата за развој како и Годишните сметки на Цнетарот и донаторските проекти.

На седницата, исто така, се дискутираше и за проектите со кои Центарот за развој ќе аплицира во 2025 година по разни програми и приоритетната листа на регионални проекти за 2025 година.

Центарот за развој на ЈЗПР гофинава ќе се фокусира на јакнење на капацитетите на јавните комунални претпријатија преку набавка на опрема, подобрена енергетска ефикасност, изработка на техничка документација за комунална мрежа (водоводни, канализациони мрежи и пречистителни станици) во регионот.

Во листата се и проекти за изведба на патна инфраструктура и обезбедување пристапност до туристички локалитети, други знаменитости и обработливи површни, развој на руралниот туризам, олеснување на пристапот до јавни објекти на лицата сo попреченост, изведба и уредување на јавни површини, паркови, кеј на реки, плоштади, пешачки/велосипедски авантуристички патеки.

Маѓу приоритети се и решавање на проблемот со кучиња скитници, намалување на загадувањето на воздухот, водата и почвата, поддршка на општините и ЈКП во процесот на регионално менаџирање со комуналниот отпад во ЈЗПР, набавка на возила, опрема и лични средства за ПП единиците во регионот, набавка на нагледни средства и опрема за кабинети и лаборатории во училиштата.

OhridNews