Советот за радиодифузија -СРД на денешната седница одлучи да им упати укажување на националните телевизии Сител,  А1 и А2 заради, како што се наведува,  констатирано презентирање на резултати од јавното мислење, што е спротивно на Изборниот законик.

СРД утврдил прекршувања за изборно медиумско претставување надвор од период на изборна кампања кај ТВ Канал Визија од Прилеп, против која е одлучено да се покрене прекршочна постапка пред надлежниот суд.

Советот ги  предупреди сите останати електронски медиуми во презентирањето на резултатите од анкетите на јавното мислење да ги почитуваат одредбите од Изборниот законик. Според нив медиумите при објавување на резултати од испитување на јавното мислење за кандидатите, политичките партии и група избирачи во изборната кампања, должни се да го наведат името на институцијата или раководителот на институцијата што го извршила истражувањето, датумот, методологијата, големината и структурата на примерокот и името на нарачателот кој го побарал испитувањето.

Ohridnews