Со 13 гласа за, 6 против и 2 воздржани, Советот на општина Охрид на 52-та седница што се одржа денеска ја поддржа иницијативата на советничката група на СДСМ за утвдување најниска плата за вработените во градските служби и општинските јавни претпријатија во висина од 8.100 денари.


Советот ЗА најниска плата од 8100 денари

На одлуката и претходеше подолга расправа во која советничката група на ВМРО НП побара советот да ги отфрли заклучоците за утврдување на најниска плата, а да се прифати само членот 2 од иницијативата кој предвидува најпрвин градоначалникот и управните одбори на јавните претпријатија да изготват информација за материјално финансиските можности за реализација на иницијативата за утврдување најниска плата. Овој предлог беше одбиен пошто советниците целосно ја усвоија иницијативата за утврдување најниска плата предложена од советничката група на СДСМ.

Правни експерти за ohridnews објаснуваат дека имплементирањето на одлуката на Советот за утврдување најниска плата неможе да се случи само со изгласување. Според нив најниската плата во јавните претпријатија може да се утврди само со колективен договор, додека платите на вработените во јавната администрација се утврдуваат со закон кој го носи Собранието на Р.Македонија.

Г. Момироски