Советот на Општина Охрид на 29-та седница едногласно ги подржа напорите со СРЦ „Билјанини Извори“ да стопанисува градот. Ваквата реакција на Советот доаѓа после најавата на државата дека ќе го преземе стопанисувањето со спортскиот центар, што деновиве беше актуелизирано од ЈП за стопанисување со спортски објекти.
Делкарација за подршка
Советниците застанаа зад градоначалникот
Советниците сметаат дека СРЦ „Билјанини Извори“ природно им припаѓа на граѓаните на Охрид, бидејќи тој е граден со нивни средства и дадоа безрезервна подршка на градоначалникот во напорите за пренесување на правото на сопственост над спортскиот центар на Општината.
Градоначалникот Александар Петрески рече дека за изградба на салата, Општината Охрид досега платила над еден милион евра и сервисира долгови во висина од два милиони евра. Петрески смета дека ЈП за стопанисување со спортски објекти незаконски се обидува да ја присвои спортската сала. „Поради тоа поднесовме кривична пријава против директорот Мифтар Зибери и вработениот во Јавното п-тие Зоран Стевоски“ – рече Петрески кој најави дека Општината сопственоста над салата ќе ја докажува преку судски процес.
Плажите на тендер
Градоначалникот информираше дека локалната самоуправа и државата се договориле околу начинот на издавање на плажите на охридското крајбрежје. Став на Општината е плажите пред хотелите да се издаваат посебно, градските плажи на стопанисување да ги добијат охриѓани, а за останатите 40 плажи да биде распишан меѓународен тендер.
Г.М.