Советот на општината утре (7.05.) во 10 часот ке ја продолжи 17-та
седница која започна на 29. април, соопшти локалната самоуправа.

На првиот дел од оваа седница Советот расправаше по 32 од вкупно утврдените 72 точки
на дневниот ред. Меѓу
нив беа седум одлуки од урбанистичката сфера, три беа сврзани со
формирањето на новото општинско ЈП „Нискоградба“, две одлуки се
однесуваа на иницијативите сврзани со  средношколските образовни
институции, а останатите одлуки, воглавно, се однесуваа на извештаите
за реализација на Програмите на Секторите и Одделенијата на Општината
како и ЈП „Билјанини извори“ и „Охридски Комуналец“.

Во продолжението на седницата Советот ке расправа по  9 предлог-одлуки за утврдување потреба од
изработка и донесување на локална урбанистичка планска документација по
одделни катастарски парцели, една предлог-одлука се однесува на
утврдување на Нацрт – урбанистички план вон населено место, по една
предлог-одлука се однесува на формирање на Советот за заштита на
потрошувачите и Локалниот комитет за изработка на ЛЕАП, а сите други 28
точки се предлог-одлуки за разрешување односно именување на членови на
Управните одбори во основните, средните училишта и Детската градинка
„Јасна Ристеска“.

OhridNews