Треба да се превземат итни мерки за заштита на Охридското Езеро, за во иднина да нема слични проблеми, како оние што настанаа поради зголемениот езерски водостој, во изминативе неколку месеци. Оваа одлука ја донесе Советот на Општина Охрид, на вчерашната седница, за чие што спроведување усвои вкупно 17 заклучоци.
Заклучоци:
1. Регулацијата на нивото на Езерото да го врши субјект составен од сите заинтересирани страни (Општина Охрид, Општина Струга, Советите на општините Охрид и Струга, ЕЛЕМ и други надлежни институции).
2. Поставување (изградба) на нов регулационен објект кај истекот на Езерото во Црн Дрим бидејќи постојниот е времен и не одговара на намената.
3. Да се разгледа можноста (научно , експертски и технички),реката Сатеска да се пренасочи во старото корито.
4. Да се разгледа можноста реката Грашница да се пренасочи во Коселска Река (Далјан), и водата да влегува во Езерото со соодветен квалитет.
5. Реконструкција и доградба на колекторскиот систем, санирање на проблемите со кој истиот се соочува.
6. Државата која стопанисува со Охридското Езеро да се грижи за одржување на целото крајбрежје, или да го отстапи одржувањето на општините Охрид и Струга, а за тоа да се обезбедат финансиски средства.
7. Да се постават современи лимнографи за мерење на водостојот на Охридското Езеро и реките од неговото сливно подрачје. Исто така да се постават современи инструменти за мерење на водениот талог од врнежи како и за мерење на нивото на подземните води.
8. Да се побара измена на законската регулатива за заштита на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро, или да се поткрене иницијатива за донесување нов закон.
9. Да се воспостави интегриран систем за управување со вкупниот цврст отпад во сливното подрачје на Охридското Езеро.
10. Неопходна е континуирана грижа за чистење и регулација на водните канали и речни корита, мерење на нивото на вода во истите, како и утврдување на максималните граници на нивниот водостој.
11. Да се продолжи со изградба на атмосферска канализација по ул.„Железничка“ до Коселска река (Далјан).
12. Изградба на атмосферска канализациска мрежа во населените места и целосно издвојување на фекалната од дождовната канализација за да не доаѓа до мешање на двете мрежи и до прелевање и преоптоварено работење на колекторот одосно пумпните станици.
13. Да се премине на изградба на современи канализациски мрежи во руралните средини, како и поставување мрежи во речните корита кои би го собирале цврстиот отпад што го носат реките; да се засили инспекцискиот надзор во овие средини и по текот на реките, од аспект на зачувување на животната средина и соодветна примена на Законот за јавна чистота.
14. Регулација и проширување на Коселска река од Прентов Мост по текот кон Езерото и регулација и проширување на Скребатска река од “ЕМО“ до сливот со Коселска река во с.Долно Лакочереј.
15. Да се разгледа можноста а воедно и потребата од ревизија на меѓудржавниот договор и Студијата од 1978 год. за утврдување на котите на Езерото (минимална, нулта и максимална).
16. Овие заклучоци да се достават до надлежните Комисии на Собранието на РМ,пратениците од општина Охриди како и соодветните министерства , за истите да се земат предвид при носењето на законот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион.
17. Овие заклучоци влегуваат во сила со денот на донесувањето, а ќе се објават во „Службен гласник на општина Охрид“. 1. Регулацијата на нивото на Езерото да го вршат субјекти од сите заинтересирани страни (општина Охрид, општина Струга, Советите на општина Охрид и Струга и ЕЛЕМ);