Недоразбирањата помеѓу месната заедница од село Куратица и јавното комунално претпријатие, кои беа надминати на заедничка средба вчера, се должат на слабата комуникација на Советот на општината и месните заедници, кои не се доволно запознаени со одлуките кои ги носи градското Собрание, а кои се однесуваат на нивниот секојдневен живот и обврските што ги имаат кон општинските служби и претпријатија, објаснуваат од М.З. Куратица.

Оттаму изразија надеж дека во иднина ќе имаат подобра комуникација со Советот, со цел повеќе да нема слични недоразбирања. Од М.З. Куратица очекуваат дека вчерашните разговори кои завршија со извинување и подадена рака кон јавното комунално претпријатие, ќе вродат со плод и дека во иднина и „Комуналец“ подобро ќе се информира за проблемите на жителите од руралните средини, но и тие за обврските што ги имаат кон претпријатието.

OhridNews