Советот на општина Охрид ја задолжи општинската администрација да ги преземе сите неопходни мерки за заштита на охридското крајбрежје од понатамошна девастација предизвикана од издавањето на плажите под концесија.
Иницијативата ја покрена советниикот од ВМРО НП д-р Томе Гиноски. Според него она што сега се случува со иградба на плажите е класично уништување на природните убавини. Сведоци сме дека во водите Охридското Езеро се градат платформи, што во најмала рака е дегутатнтно, се запрашал ли некој каде ќе оди отпадот кој ќе се создава таму?, запраша Гиноски.
Тој семта дека плажите природно им припаѓаат на охриѓани и не може со нив да стопанисува министертвото за транспорт. Гиноски побара одговор кој ги контролира концесионерите и дали тоа што го градат е според одобрениот план.
Сериозни, забелешки упати и советникот од СП, Љубомир Чаулев. Тој предупреди дека министерството ги издавало плажите без консултација со МЈП Проаква од кое не било побарано да изготви хидротехничка документација поради што во опасност е доведено водоснабдувањето на дел од крајбрежјето.
Советот со само еден воздржан, усвои заклучок со кој се задолжува општинската админситрација да го извести УНЕСКО за случувањата на охридската ривиера, да се реафирмира договорот потпишан со претходната влада според кој со плажите треба да стопанисува оптшината, како и да се подготви информација која ќе биде лиферувана до медиумите.
Г.Момироски