Советот на Општина Охрид на четвртата  седница изрази негодување на одлуката на Министерството за транспорт и врски за издавање под концесија на плажата Сараиште.

Како ретко досега советниците беа едногласни во заклучокот дека оваа плажа која има големо значење за граѓаните на Охрид, не треба да се издаде под концесија.

Советниците изразија надеж дека иако е избран најповолен понудувач, министерството нема да го потпише договорот со избраниот концесионер за издавање на плажата Сараиште под концесија, со што ќе се заштити овој култен простор околу кој гравититраат и голем број културно-историски споменици.

На  седницата најголеми полемики предизвика одлуката за изменување и допололна на буџетот на Општина Охрид. Советниците на ВМРО ДПМНЕ изразија загриженост од неисполнување на буџетот, а особено од како што беше нагласено,  слабите резултати и искористеност на средсвата од  Секторот за туризам и локален економски развој. Дел од советниците изразија загриженост од остварувањето на буџетот, поради како што беше речено проектираните ставки кои зависат од продажба на државното градежно земјиште. По овој основ општината испланара 50 милиони денари во градската каса, а досега е остварено едвај 3% од тоа.

Советниците ја одобрија соработката помемеѓу локалните самоуправи на Охрид и Струга, за заеднички настап пред донатори за добивање меѓународни грантови во општини со мешан етнички состав.

Ohridnews