Меѓу другото пред советниците ќе се најде и Предлог одлуката за усвојување на Елаборатот за проценка на штета од обилни врнежи од дожд со поплава од дејство на внатрешни води , нагло топење на снег во општина Охрид во месеците февруари и март 2010 год.
Исто така ќе бидат разгледани извештаите за реализација на Програмата за уредување на градежно земјиште. за реализација на Програмата за изведба и реконструкција на локални патишта, за реализација на Програмата за заштита на животната средина и природата, за реализација на Програмата за изработка на урбанистички планови на општина Охрид. Извештајот за реализација на Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид како и Предлог одлуката за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за периодот од 01.01.-31.03.2010 год.
На дневен ред ќе бидат и извештаите за работата на општинските јавни претпријатија, како и повеќе точки од урбанистичката сфера.
ДНЕВЕН РЕД