Советот на родители при ОУ „Јосип Броз Тито“ – Струга, не отстапува од ставот учениците да ја бојкотираат наставата се додека не се реши проблемот со електричната енергија во училиштето.
„На денешниот состанок (06.10.2015) на совет на родители од ОУ „Јосип Броз Тито“ – Струга беше потврдена одлуката донесена на 29.09.2015 за прекин на настава. Прекинот на наставата ќе продолжи се до приклучување на електрична енергија.“-е ставот на советот на родители соопштен по вечерашниот состанок.
Повеќе училишта во општина Струга останаа без електрична енергија во новата школска година поради неподмирени обврски кон ЕВН. Советот на општина Струга на последната седница донесе одлука локалната самоуправа да го преземе долгот од училиштата. За таа цел најавено е потпишување на договор помеѓу општината и ЕВН за сервисирање на долгот за неплатена електрична енергија во износ од повеќе милиони денари.
OhridNews