Советот на Општина Охрид на 30 април, четврток, ќе ја одржи четириесет и втората седница. Поради актуелната состојба предизвикана од пандемијата на коронавирусот Ковид 19, седницата ќе се одржи преку конференциска врска со употреба на интернет комуникација.
На дневен ред на седницата ќе се најдат: Предлог-oдлуката за изменување на Oдлуката за утврдување на висината на надоместокот (закупнината) за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2020 година, Предлог-oдлуката за изменување на Одлуката за утврдување на висината на комуналната такса за користење на просторот пред деловните простории за вршење дејност, Предлог-годишната програма за измени и дополнување на Годишната Програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2020 година и Предлог – одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на годишниот Извештај за спроведување на утврдените тарифи за одведување на отпадни води за 2019 година за ЈП „Нискоградба Охрид “-Охрид.
Г.М.