Советниците денеска треба да гласаат за предлог-одлуката за формирање паралелки со помалку од 25 ученици во средните училишта „Ванчо Питошески“ и „ Свети Наум Охридски“.
На дневен ред се и предлог-одлуката за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за поставување урбана опрема на подрачјето на општина Охрид за периодот од 01.01.2008 до 30.06.2008 година, предлог-одлуката за усвојување на шестмесечниот извештај на РЕ „Водовод“ и РЕ „ Колектор“ Охрид за периодот 01.01- 30.06.2008 година, како и предлог-одлуката за усвојување на извештајот за остварените резултати од работењето на ЈП „Охридски комуналец“ за периодот од 01.01. до 30.06.2008 година.
На дневниот ред од 57-мата седница се и неколку точки од урбанистичката сфера, меѓу кои, предлог-одуките за донесување детален урбанистички план за дел од урбана заедница 16 – Рача-Урбан блок 16.2 опфат 1-општина Охрид, и за утврдување Нацрт детален урбанистички план за дел од урбана заедница 2 дел од урбан блок 2.2-Охрид за 2008 – 2013 година.
Советниците треба да се произнесат по предлог -одлуките за оттуѓување на недвижен имот и за пренесување на правото на сопственост врз движни ствари, а дел од дневниот ред е посветен и на општинскиот буџет.