Советот на Јавни oбвинителите доцна синоќа едногласно ја избраа Катица Јанева за прв Специјален oбвинител на Република Македонија. Гласањето беше со дво третинско мнозинство, а повеќето oбвинители кои земаа збор ја пофалија нејзината досегашна работа и и’ посакаа успешна нова функција.
Тие сметаат дека Катица Јанева достојно ќе ја извршува функцијата. Таа ќе има единствена задача да ги гони кривичните дела кои се поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.
Се очекува денеска попладне Јанева да даде свечена заклетва пред Советот на јавни обвинители и со тоа ќе стане официјално првиот специјален обвинител во земјава.
OhridNews
Извор: „Телма“