Советниците од општина Дебрца, попладнево, во рамки на одржаната 16-та седница, ја усвоија предлог одлуката за доделување еднократна парична помош во висина од 100.000 денари за помош на охриѓанката Сара Настеска на која и е неопходно лекување во Германија.

Како што за OhridNews изјави градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески, доделените пари од општинскиот буџет на жиро сметката на семејството Настески ќе бидат префрлени во текот на утрешниот ден.

Вчера, мнозинството охридски советници гласаа воздржано во врска со предлогот на советникот Џемал Мена, на дневен ред на седница да се стави и точка за доделување парична помош на Сара. Од страна на градоначалникот Јован Стојаноски беше објаснато дека не станува збор за волја на советниците, туку дека нема законски можности за доделување на паричната помош, односно како градоначалник нема право да потпише таков вирман.

Т.К.