При известувањето за овој случај Советот на честа оценил дека повеќе медиуми не го почитувале правилото за презумпција на невиност, со објавување на идентитетот на осомничени кои не се лица познати во пошироката јавност.
„Советот на честа укажува дека таков начин на информирање се коси со етичките начела наведени во Кодексот на новинарите. Правилата за известување за осомничени лица предвидува да не се откриваат нивните ликови, а при објавување на телевизиски снимки, ликовите да бидат заштитени (со замаглување)“ се вели во соопштението на Советот на честа.
Од таму ги повикаа медиумите да се придржуваат до правилата наведени во Кодексот, да ја почитуваат презумпцијата на невиност, приватноста на осомничените и во новинарските извештаи да не сугерираат пресуда.
извор: „Макфакс“