Советот на општина Охрид денеска ќе ја одржи 35-та седница на која меѓу другото ќе се расправа за измена на одлуката за спроведување на урбанистичките планови.
 
На дневен ред ќе бидат и точките за продолжување на работното време на угостителските иобјекти, за добивање лиценци за вршење угостителска дејност, како и програмата за борба  против болестите на зависност.

Советниците денска треба да ја разгледаат и предлог Одлуката за организирање  на режимот на сообраќај во општина Охрид, а ќе дискутираат и по Извештајот   за остварените резултати од работењето на ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид    во периодот од 01.01.2007 год.- 31.03.2007 год.

Покрај овие на дневен ред уште се и предлог  Одлука за усвојување на  Извештајот за реализација на Програмата на МЈП “Проаква“ Струга за периодот од 01.01- 31.03.2007 год, предлог Одлука за усвојување на  извештајот на Одделението за комунален  развој и сообраќај за реализација на Програмата за инвестиции и одржување за 2007 година (1.01.2007 год.- 31.03.2007 год, какои и информација за реализација на ставката од Буџетот за дезинфекција ,дезинсекција и дератизација.

Г.М.