Советот на општина Охрид денеска  ќе ја одржи 32 седница. На дневен ред ќе бидат Предлог одлуките за усвојување на Извештаите за годишна сметка на основните и средни училишта и градинките, како и Информација за реализираните инвестициони активности во основните и средните училишта во текот на 2006 година .

На дневен ред се и Предлог Одлуките  за усвојување на  Извештајот  за работењето на Одделението за даноци и комунални такси и Извештајот за реализација на Програмата за инвестиции и одржување на Одделението за комунален развој и сообраќај за минатата година.

Пред советниците ќе се најде и Предлог Одлука за стандарди за поставување на времени објекти, мебел и урбана опрема на подрачјето на општина Охрид, како и Предлог Одлуката за формирање  Локално координативно тело за превенција од болестите на зависност.

Советот ќе расправа и по Предлог Одлуката за измена на Одлуката за авто такси превоз на патници во општина Охрид и по Извештајот за состојбата во МЈП „Проаква“ Струга.

Г.М.