Советот на општина Охрид денеска ќе ја одржи 38-та седница на која како прва точка на дневен ред ќе се најде  планот за  поделба на МЈП „Проаква “ со Предлог Одлука за потврдување на Планот за поделба на МЈП„Проаква“-Струга. На седницата ќе се очекува да биде донесен и предлог Одлуката за измени и дополонување на Спогодбата за основање mеѓуопштинско јавно претпријатие за снабдување со вода за пиење и одведување на отпадни води за општините Охрид и Струга.

Советот денеска ќе расправаи по предлог Одлуката за измена на Одлуката за авто-такси превоз на патници во општина Охрид, предлог Одлуката за усвојување на Извештајот за  извршување  на Буџетот  на општина Охрид  прв квартал  за буџетска 2007 год, предлог Одлуката за усвојување на Извештајот за  извршување  на Буџетот  на општина Охрид  втор  квартал  за буџетска 2007 год  и по предлог Одлуката за пренамена на средства во буџетот на општината.

Советот денеска треба да разгледа и информациите за спроведување на Одлуката за авто-такси превоз на патници во општина Охрид и за  спроведување на Одлуката  за стандарди за поставување времени објекти, мебел и урбана опрема на подрачјето на општина Охрид. Пред советниците ќе се најдат  и предлог Решението за изменување  на решението за формирање Комисија за мандатни прашања избори и именувања, предлог Решението за изменување  на решението за формирање Комисија за јавни и комунални дејности, Одлуката за изменување  на одлуката за формирање комисија за еднакви можности меѓу жените и мажите, како и предлог Решението за изменување  на решението за определување членови од советот кои ќе учествуваат при склучување на бракови.

ohridnews