Советот на општина Охрид денеска ќе ја одржи тресет и шестата седница на која ќе се расправа за Предлог Статутот на општтина Охрид.
На дневен ред се и заклучоците за престанок на мандат на член на Советот и за верификација на мандат на член на Советот.
Пред советниците ќе се најдат и Предлог Одлуката за измена и дополнување на одредбите за спроведување на урбанистички планови, Предлог Одлука за организирање на режимот на сообраќај во општина Охрид и Предлог Одлука за усвојување на извештајот на Одделението за комунален развој и сообраќај за реализација на Програмата за инвестиции и одржување за 2007 година (1.01.2007 год.- 31.03.2007 год.).
Советот ќе расправа и по Предлог Одлуката за усвојување на Извештај за реализација на Програмата за изработка на урбанистички планови на општина Охрид за прв квартал од 2007 год, Предлог Одлука за измени и дополнување на средства во Буџетот за 2007 година, Предлог Одлуката за продажба на електроенергетски мрежи и ТС 10/04 КВ, а се очекува да биде усвоена и нформација за уредување на крајбрежниот простор.