Советот на општина Струга, на посебна седница, денеска, ќе ја разгледува безбедносната состојба во градот.

Седницата се одржува по неодамнешната трагедија кога на див шанк на Пливалиште животот го загубија тројца угледни стружани. Причина за нивната смрт е струен удар што бил предизвикан од нестручно поврзување на светилка на летната тераса,  што предизвика жестоки критики и меѓусебни обвинувања помеѓу локалната и централната власт за тоа кој е одговорен за хаосот на струшкото крајбрежје.

OhridNews