Пред почетокот на седницата, на која е можно да присуствува и братот на починатиот српски турист, Ненад Новаковиќ, кратки обраќања ќе имаат градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, претседателот на Советот, Душко Јаковчески и претставници на граѓански здруженија.
Од локалната самоуправа информираат дека на денешната седница нема да се расправа за безбедносната ситуација во Охрид, за да се избегне било кака злоупотреба на трегичниот настан во политички цели додека телото на починатиот српски турист не биде пренесено во Белград. Градскиот Совет на оваа тема ќе расправа на специјална седница која е закажана за 13-ти септември.